Британските истражувачи дошле до заклучок дека неродените бебиња со движење во матката ја развиваат свеста за своето тело и ја развиваат работата на мозокот.
“Познато е дека спонтаното движење и повратните информации од околината за време на раниот развој се неопходни за правилен развој на мозокот кај животните, како што се стаорците. Во нашето истражување, докажавме дека ова исто така може да значи и за луѓето “, вели авторот на студијата Лоренцо Фабрицио од Универзитетот во Лондон.
Неговиот тим ја измерил работата на мозокот кај 19 новороденчиња за време на REM фазата на спиење. Бебињата биле во просек стари два дена, а некои биле предвреме родени.
Истражувачите ја најдоа врска помеѓу движењето и активноста на мозокот. На пример, движењето на десната рака на новороденчето предизвикува моментална активност во левиот дел на мозокот што го обработува допирот за десната рака. Ова е најинтензивно кај предвремено родените бебиња.
Брзите мозочни активности се поврзани со движењата кои завршуваат кога бебето ќе наполни неколку недели – додаваат истражувачите.
Овие наоди покажуваат дека движењата на фетусот во третиот месец од бременоста помагаат да се развијат областите на мозокот кои го обработуваат сензорен влез. На овој начин, бебето го развива чувството на сопственото тело, според авторите на студијата.