Кучињата позитивно влијаат на нашето здравје
Едно истражување во Шведска откри дека поседувањето на куче може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Речиси четири милиони луѓе на возраст меѓу 40 и 80 години учествуваа во истражувањето.
Поранешните истражување потврдија дека сопствениците на кучиња не се депресивни и дека нивните миленици им помагаат ако одлучат да се изолираат од светот.
Ова практично значи, како што покажа студијата, дека сопствениците на кучиња подобро реагираат на стрес, се занимаваат со физичка активност и имаат пониско ниво на холестерол во организмот. Но, важно е и од која раса на кучиња ќе изберете.
Најмногу се препорачува златниот ретривер или од обична мешавина. Една од жените кои учествувале во истражувањето тврди дека таа и нејзиното куче оделе по 10 километри секој ден се до неговата смрт.