За празниците кои следат, секоја домаќинка се труди да направи интересна новогодишна декорација и магичен амбиент за дружба со најблиските.
Покрај новогодишната елка и другите декоративни елементи во домот, секако дека ќе припремите и интересни десерти, инспирирани од најубавиот период од годината, новогодишните празници.
Ние ќе ви предложиме неколку креативни идеи за декорирање на десерти кои може да ги послужите на новогодишната или божиќната трпеза. Инспирирајте се од нашите предлози и изненадете ги вашите блиски со вкусен и уникатен десерт.
Одлучете се за колачи, мафини и торта, послужете ги со љубов и внимание за вашето семејство и сето тоа, надополнете го со новогодишна декорација која ќе биде совршено празнична.