Кога станува збор за прославување на Нова Година и Божиќ, многу дами се наоѓаат на слатки маки, размислувајќи што да облечат за таа специјална прилика.
Проверено, дамите секогаш се одлучуваат за свечени фустани во црна боја.
Меѓутоа, оваа сезона дизајнерските брендови ни предлагаат вистинско освежување, во вид на металик и светликави парчиња во нивната понуда.
Не се само монистрите во мода, се носи и кадифе и свила кои секогаш изгледаат елегантно. Доминираат сребрената и златната боја кои се многу благодарни за комбинации со црната.
Доколку барате елегантен фустан кој ќе ве направи sвезда на вечерта, тука имаме неколку предлози каков вид на фустан треба да изберете.
Ако немате храброст да облечете таков фустан, секогаш можете да изберете statement чанта или чевли за да додадете одреден степен на атрактивност во вашата модна комбинација.
Бидејќи е празнична сезона, дозволено е да се претерува, слободно одберете го најатрактивниот фустан и уживајте во него!