Пастелната боја на коса повторно ги враќа своите пет минути на слава
Instagram/ @khloekardashian
Само во изминатиот месец, својата коса во пастелно-розова боја ја обоија Кајли Џенер, Клое Кардашијан и Бела Хадид и така потврдија дека се работи за нов тренд, а на истиот потег се одлучи и Лејди Гага.
Пејачката и од неодамна актерка, ја одбра бојата која Пинтерес ја најави како најголем хит за 2019 година, интересот за неа во изминативе неколку дена вртоглаво расте, а станува збор за виолетовата боја. Новиот изглед на Гага беше објавен на Инстаграм од страна на нејзиниот свршеник Кристијан Карино.
Пејачката делумно ја нијансирала нејзината платинеста коса во нежна пастелна нијанса, оставајќи неколку прамени во старата боја. Новата боја дефинитивно ја освежи и веруваме дека овој тренд дефинитивно ќе биде актуелен во 2019 година.
Instagram/ @christiancarino
