Како Англичанец кој живее во Ломбардија од своето назначување како креативен директор на “Iceberg Fashion”, во 2015 година, Џејмс Лонг го прифати животниот стил на Милано, па дури и со пријателите ја дели куќата во старото село на Алпите.
“Сето тоа се сведува на учење како живеат Италијанците и како нивниот животен стил се вклопува со мојата лондонска панк култура”, рече тој. “Колекцијата есен 2019 година е инспирирана токму од жената која работи во канцеларија во Милано од девет до пет во работните денови, а потоа брза на забава во планините во текот на викендот”.
Колекцијата е изработена од спортски парчиња со поп вибрации кои дизајнерот ги фаворизира. Puffer и скијачките јакни во светли бои се украсени со црвено-бели шарени мотии, “плетен слалом”, а се дизајнирани во италијански стил, додека брилијантната графика и логоа даваат на црните тренерки им даваат неопходен apres-ski гламур.