Филмовите со силни женски ликови и хероини, односно филмови кои се занимаваат со женските права и подемот на жените во општеството, во моментов се многу популарни. Истакнатиот режисер Wash Westmoreland ја прифати не толку лесната задача да режира биографска приказна за писателката Sidonie-Garbrielle, денес многу по-позната по името Colette. Таа е една од најпознатите француски писателки на своето време, која остави зад себе серија успешни приказни и романи, од кои денес секако е најпознато дело „Gigi“ од 1944 година.
Оваа приказна најпрво ќе биде преточена во театарска претстава во 1951 година, во која главната улога ја играше сеуште не познатата Audrey Hepburn, а потоа и во мјузикл во 1958 година, кој на крајот ќе освои девет престижни Oscar награди, меѓу кои и оној за најдобар филм на годината.
Во 1948 година, Colette била номинирана за Нобелова награда за литература.
Премиерно прикажан на овогодинешниот филмски фестивал во Торонто, филмот COLETTE ја собра симпатијата на публиката, но исто така доби и многу добри критики, од кои особено се пофалени двајцата главни актери. Dominic West е номиниран за најдобра споредна машка улога за Британската независна филмска награда, а Keira Knightley високо конкурира за уште една номинација за Оскар (таа досега е номинирана два пати во нејзината кариера – за Гордоста и предрасудите и Игра на имитација ).