Најдобрите хотели од мраз низ светот
Има ли нешто поубаво од скулптура од мраз? А можете ли да замислите цел хотел изграден од мраз? Погледнете ги овие хотели низ светот кои се направени од мраз. Се разбира во секој од нив ќе добиете крзно кое ќе ве загрее и нема да ве остави да премрзнете. Температурите во хотелите се движат од 17 до 23 степени, што значи внатрешноста на хотелот е пријатна.
Навистина фасцинантно е што хотелот во Аљаска, Aurora Ice Museum е целосно направен од мраз, креветите, столиците, шанкот, чашите и се останато, единствен додаток кој не е од мраз се крзнените елементи за затоплување на посетителите.
Во овие хотели исто така можете да дојдете и на еден ден разгледување, на пијалак во ледените барови и да уживате во амбиентот.
Во овие хотели можете да видите изгравирани ѕидови, закачени слики, разни украси, столици и сето тоа направено со мраз. Сите овие хотели се подготвуваат на есен и секоја година можете да видите различен ентериер, нов кревет, слика или други декорации.
Погледнете ги овие хотели и размислете за еден убав одмор во еден од нив …
Hotel de Glace – Quebec
Alta Igloo Hotel – Norway
IceHotel – Sweden
Aurora Ice Museum – Alaska
Balea Lake Ice Hotel (Chapel) – Romania
Kakslauttanen Igloo Village – Finland
Kirkenes Snow Hotel – Norway
Lainio Snow Village – Finland
SnowCastle – Finland