Италијанскиот моден бренд Роберто Кавали ја ангажираше Кендал Џенер како заштитно лице за нивната кампања пролет-лето 2019 година.
Според Форбс, таа е најплатениот модел на светот, кој ги сруши сите рекорди оваа година во однос на приходите од модни ревии и рекламни кампањи, а таа сега додаде уште еден проект во своето портфолио.
Прекрасна бринета позира облечена во облека со смели принтови, кои се карактеристика на модната куќа на Cavalli.
На една фотографија, Кендал е облечена во неверојатен кафтан со Mirror Snake Bag, додека на следната, таа носи впечатливи чизми со смели детали.