Ако мислите дека можеме да се бориме со главоболката само со таблетите – не сте во право, бидејќи понекогаш тие само ја влошуваат ситуацијата.
Ова се три начини кои навистина ќе ви помогнат на долг рок за намалување на мигрената и главоболки:
Редовен секс
Сексот води до ослободување или целосно отстранување на главоболките предизвикани од мигрена, велат невролозите. Истражувањата покажале дека половина од луѓето кои страдаат од главоболки почувствувале големо олеснување откако имале секс. Причината за тоа е лачењето на ендорфинот, “природнниот лек на телото против болките”, коj ја намалува или целосно ја елиминира главоболката.
Седете исправено
Ако не седите исправено на вашата столица, може да добиете главоболки. Позицијата на телото во облик на буквата С е крајно неповолна, поради притисокот врз нервите, што доведува до болка во главата. Затоа е важно, вашите стапала да се на подот и да седите исправено.
Треба да пиете доволно вода и да го масирате челото и вратот
Главоболките можат да се намалат со правилна хидратација и редовна 5-минутна масажа на челото и вратот.