Италијанскиот бренд Gucci секогаш нè остава без текст со своите автентични кампањи.
Токму кога ќе помислиме дека нема ништо ново што би можело да нè изненади, тие создаваат кампања што го надминува квалитетот на претходната.
Во новата рекламна кампања за Cruise Collection 2019, Gucci е во потрага по библиски приказни.
Фотографот Глен Личфорд ја долови модерната верзија на бродот на Ное преку својот објектив со серија на фотографии што ги претставуваат моделите и животните.
Еклектичните дизајни на креативниот директор Алесандро Микеле се во центарот на кампањата наречена ‘Gucci Gothic’.