Кендал Џенер беше прогласена за нај платен модел во светот за 2018 година, според листата на Форбс …
Таа успеа да заработи 22,5 милиони долари оваа година, надминувајќи ги Карли Клос, Гизел Бундхен и сестрите Џиџи и Бела Хадид.
Најголем дел од профитот на Jenner доаѓа од соработката со брендови како Adidas, Estée Lauder и Calvin Klein.
Но, иако Кендал е најплатениот модел на светот, таа не е најплатена меѓу своите сестри Кардашијан. Нејзината сестра Кајли Џенер ја држи титулата со огромна годишна заработувачка од 166,5 милиони долари.