Секој од нас го инспирира различна боја за декорирање на домот…
Овој пат ви ја предлагаме виолетовата боја со нејзините нијанси.
Енергијата на виолетовата боја носи возбудлива атмосфера која потекнува од благотворната стабилност на сината боја и огнената сила на црвената боја.
Тоа што ја прави оваа боја посакувана е можноста за нејзино користење како топла и ладна боја, во зависност од вкусот и стилот на индивидуата.
Кога ја користите темно виолетвата боја, најдобро би било да ја комбинирате со бели ѕидови со што визуелно ќе се зголеми просторот. Доколку се одлучите за светло виолетова боја тогаш можете повеќе да екпериментирате со бојата на ѕидовите и другите елементи кои се наоѓаат во просторот.
Светлите нијанси ги препорачуваме за оние кои сакаат смирувачки амбиент, во кој преовладуваат ладни тонови. Додека темно виолетовата боја ја препорачуваме на оние кои сакаат да постигнат драматичен резултат.
Погледнете ги овие ентериери и искористите некоја од овие идеи за декорирање на вашиот простор.