Американскиот моден бренд Coach се приклучи на многубројните модни куќи кои ги претставија своите меѓусезонски линии во други земји.
Нивната колекција за есен 2019 година, наречена “Coach Lights Up Shanghai” е настан кој исто така го прослави 77-от роденден на куќата и 15 години присуство на брендот Coach во Кина.
Самата колекција е мешавина од цветни фустани со кожни јакни од еленска кожа, во нијанси на виножито, розеви, пригушени тонови од сини и богати нијанси на темно виолетова и темно кафена.
Колекцијата е посебна по соработката со современи кинески уметници, кои го редизајнираа мотивот на диносаурусите преку медиумите, вклучувајќи графити, фото принтеви и цртежи.