Банкси (Banksy) е светски познат бристолски уметник, најпознат по уличната графити уметност, чии уметнички дела честопати се поврзани со политиката и содржат доза на хумор.
Со многу добри критички признанија, овој уметник и активист стана меѓународна икона која ги продава своите дела по милиони долари. Овој пат, Банкси се откажува од едно од своите дела за хуманитарни цели, со намера да собере пари за бегалците од целиот свет.
На продажба е неговата скулптура на брод, која тој ја креираше за тематскиот парк Disneyland за да им помогне на службите за поддршка на бегалците. Како што напиша уметникот на неговиот Instagram, купувачите или оние кои се подготвени да го купат бродот за само 2,5 долари, треба точно да ја погодат тежината на структурата.
Димензиите на бродот се 90см х 38см х 42см, има батерии и е придружен со далечински управувач кој овозможува да работи со максимална брзина од три јазли во секунда. Бродот прикажува една група бегалци кои седат во него, давајќи ни го на увид нивниот несигурен и болен живот.
Продажбата се одвива во соработка со Choose Love, првата продавница во светот каде што можете да купите вистински подароци за бегалците, како што се шатори, вреќи за спиење, бебешки пелени и други практични предмети.
Продажбата ќе биде завршена на 22 декември, кога бродот ќе биде измерен од специјалисти од Кралскиот колеџ во Лондон, а победникот ќе биде објавен потоа.