Крајот на годината е идеално време да подвлечеме линија и да направиме ретроспектива на модните парчиња кои ги обележаа претходните 12 месеци.
Благодарение на социјалните мрежи, модните инфлуенсери и купувањето преку мобилните телефони, се чини дека истражвувањето за хит аксесоари стана многу полесно во денешно време.
Се разбира, на оваа листа на екстремно популарна облека и модни додатоци доминираат чанти и чевли. Но, тоа што е уште поинтересно, барем кога се во прашање патиките е фактот дека тие се од исклучително популарени дизајнерски брендови како што се Гучи, Луи Витон или Баленсијага, наспроти некои специјализирани брендови на атлетски патики.
Во однос на чантите, култен статус добија и некои чанти од минатото, како што се Dior Saddle Bag или Old Celine.
Погледнете ја галеријата и дознајте кои беа клучните модни парчиња во 2018 година.
Чанта – Dior Saddle Bag
Очила за сонце – Saint laurent LouLou
Чанта – Rejina Pyo Olivia
Фустан – Batsheva
Обетки – Alison Lou Jelly Lucite
Мала чанта – Jacquemes Le Chiquito
Патики – Louis Vuitton Archlight
Чанта – Staud Shirley PVC