Ирската рок-група U2 се најде на прво место на листата на најплатените музичари според магазинот Forbes, со заработка од 118 милиони долари во рок од една година.
На второто место е бендот Coldplay со 115 милиони долари.
U2 заработи 118 милиони долари со светската турнеја наречена “Joshua Tree“, која датира од 1 јули 2017 година до истиот датум 2018 година. Во оваа рамка влегоа и приходите од турнејата насловена како “Experience + Innocence“.
На второто место со слична бројка е британскиот бенд Coldplay, кој успеа да собере 155 милиони долари, главно на турнејата “A Head Full Of Dreams“.
Ed Sheeran го освои третото место со 110 милиони долари, а зад него се Bruno Mars со 100 милиони долари и Katy Perry со 83 милиони долари.