Ако постои некоја текстура која и дава исклучителност и елеганција на собата, тогаш тоа е плишот со своите текстуални квалитети и добар изглед.
Во текот на изминатите неколку години, тој добива се повеќе на популарност, а оваа година е еден од најголемите трендовите.
Значи, плишот со својата нежна текстура не само што создава луксузен изглед, туку буди и такво чувство. Без сомнение, неговата кадифена текстура има способност да ги задоволи сите ваши сетила.
Иако кадифениот плиш бил материјал на богатите и членовите на кралските семејства, кога одамна првпат бил претставен од страна на трговците од Багдад, тој и денес е еден од најбараните материјали кој можете да го внесете во вашиот дом. Мек на допир, удобен и стилски, многу издржлив и сето тоа го прави одличен за пресвлекување на мебел и декоративни аксесоари.
Традиционално, плишаното кадифе е изработено од свила, а подоцна од памук, иако денес постојат синтетички верзии кои го прават попристапен. Ако сакате плиш, не мора секогаш да ги избарете потемните бои, тој може да изгледа одлично и во пастелни тонови.
Изберете плиш за аксесоари, за брзо додавање на луксуз во вашиот ентериер. Одлучете за плишани перници или абажури за лустери. Покривка од кадифен плиш делува богато и луксузено, а доколку е во боја на Бургунди вино, делува волшебно.