По откривањето на заедничката соработка, Riccardo Tisci конечно ја престави кампањата со панк иконата, модната дизајнерка Vivenne Westwood, фотографирана од познатиот David Sims.
Славејќи го британскиот стил и наследство, колекцијата е инспирирана од незаборавните колекции на Вивиен Вествуд и го следи unisex пристапот низ сите стилови. Ова е прва соработка на дизајнерот откако дојде на позицијата на креативен директор на модната куќа ” Burberry”, која се состои од јакни на двојно копчање, hugger јакнии и мини килт, како и платформи со пертли и беретки со кариран Burberry дезен.
Дел од продажбата на колекцијата ќе биде дониран на фондацијата Cool Earth за прашумите додека самата кампања ќе ја истакне својата работа како дел од колекцијата.