Модната куќа Chanel веќе нема да користи крзно и кожа од животни во своите колекции.
Покрај тоа, тие рекоа дека ќе работат на развој на нови одржливи материјали кои нема да и наштетат на животната средина.
Bruno Pavlovsky претседателот на модната куќа Chanel рече дека оваа одлука е меѓу другото практична, бидејќи тешко е да се најдат кожи од животни кои ќе ги задоволат етичките стандарди и стандарди на овој бренд.
Кожните чанти со години беа заштитниот знак на модната куќа Chanel и беа првиот избор на многу познати личности. Pavlovsky укажува дека без оглед на тоа, дизајнерски тим и во иднина ќе ги задржи високите естетски стандарди.
Организацијата за заштита на животните (PЕТА) го пофали овој потег на Chanel и нагласи дека и другите модни куќи треба да го следат нивниот пример.
Chanel се приклучи на листата на високите модни брендови, меѓу кои и Gucci, Versace, Burberry и Michael Kors, кои ги отстранија крзнaта од своите колекции.