Иако секогаш ќе имаме посебно место во нашите срца за класичната новогодишна и божиќна декорација, но оваа година сите сме за нова, свежа и иновативна празнична декорација.
Модерното божиќно украсување го поврзуваме со едноставност, минимализам и убавина (мислиме на скандинавски стил). За минималистичкото декорирање на домот користете материјали како бакарот кој е еден од трендовските модерни материјали кои добро функцонираат во секој дом, или пак користете златна боја која дава елеганција и притоа изгледа скапоцено.
Исто така за овогодинешното новогодишно и божиќно украсување не мора да купувате нови украси, можете да ги искоистите старите, но, на друг, иновативен начин и да создадете бајковито катче во домот.
Доколку барате идеи за новогодишна декорација, ние ви ги предлагаме овие модерни декоративни идеи кои можете да го искористите во вашиот дом оваа година.