Овој неверојатен стан што го гледате во нашата галерија со непогрешлив дизајн е со потпис на познатата (на жалост и почината) Заха Хадид …
Проектот 520 West на познатата архитектка Заха Хадид, докажува дека на најдобар начин го искористила своето знаење за материјата, како надвор, така и во ентериерот на овој дом. Рачно изработената метална фасада на зградата грациозно завршува во интересен дизајн, додека прозорците од подот до таванот, се една од главните карактеристики на зградата со триесет и девет апартмани и поглед на Хај Лајн.
Со површина од околу 600 м2, оваа резиденција се отвора кон север, југ и исток. Директниот лифт и лифтот во ентериерот, обезбедуваат дискретен влез во станот со пет соби.
Скулпторалното скалило на три нивоа кое ги поврзува сите три спрата во станот и големата тераса, исто така ја игра улогата на главната декорација на овој софистициран простор. Креиран по примерот на спирално скалило од културните градби кои ги работеше Заха Хадид, скалите во овој стан доаѓаат како одраз на флуидниот надворешен дизајн.