Иако наскоро ќе наполни 46 години, прекрасниот чешки модел Ева Херцигова се уште мами воздишки, посебно кога позира во долна облека.
Познатиот супермодел од 90-тите години на минатиот век, повторно е во центарот на вниманието, поп повод кампањата за брендот Yamamay.
Фотографирана пред црвената позадина, Ева вешто позира во различни заводливи модели на долна облека.
Бидејќи се работи за божиќна кампања, акцентот е на мистична црна и страсната црвена боја. Луксузната долна облека е изработена со тантела, свила и сатенски материјали.
Идеален празничен подарок наменет за блиска личност.