Викторија Бекам одамна ги освои дамите во целиот свет со своите модни креации, а сега познатата дизајнерка и поранешна членка на групата Спајс Грлс одлучи да отвори канал на YouTube каде ќе дава совети за модата.
Викторија Бекам е една од најдобро облечените жени, а многу дами со ентузијазам веќе чекаат совети од Викторија за изборот на вистинската комбинација.
На нејзиниот YouTube канал како што открива, ќе има бројни упатства, како и интересни детали од нејзиниот живот.
Бекам успеа да создаде вистинско модно кралство во изминатите неколку години. Викторија е поддржана од бројни инвеститори, а еден од нив е сопственикот на познатиот синџир на пекарница Пол Голдман Сакс Дејвид Белхасен, кој неодамна инвестираше 30 милиони фунти во модниот бренд на Викторија.