Доколку не сте обожаватели на зимските студени и снежни денови, нема причина да останете дома и да се затворите кога би можеле да уживате во тропски островски празник. Ваков одмор ќе ви овозможи да заборавите на шалови, ракавици и тешки џемпери. Спакувајте ги костимите за капење и очилата за сонце и уживајте на топол одмор.
Ние ќе ви предложиме шест острови за совршен тропски новогодишен и божиќен одмор.
- Cozumel, Mexico
Карипскиот остров Cozumel се наоѓа надвор од полуостровот Yucatan во Мексико и ги нуди сите можности за тропски Божиќ. Тука островјаните слават девет ноќи со песни, познати како Лас Посадос, додека децата носат украсени гранки додека пеат од куќа до куќа.
2. Kauai
Kauai не е само една од најубавите дестинации во светот, но нуди и многу забавенновогодишен одмор во текот на месец декември. Со нетрпение се очекува Festival of Lights, осветленатa Божиќна парада и божиќните концерти, како и гледање на китови, бидејќи ова е период кога грбавиот кит мигрира во топлите води.
3. Bora Bora
Оваполинезискобогатствосовпечатливатиркизна, чиставодаобложенасокоралнигребени и мноштвошаренириби нуди интересна програма за времре на новогодишните празници. Доколкуотпатувате тука ќе бидетевоможностдауживатевоситевидовинасвечености, додекамногуодморалишта и хотелинудатспецијалнибожиќнивечери.
4. Roatan
Roatan можеби не е име со кое сте запознаени, но тоа е најголемото острово од Bay Islands во Хондурас. Температурите во декември обично се идеални. Се наоѓа веднаш зад вториот најголем бариерски гребен во светот и ќе можете да уживате во некои од најдобрите нуркања, заедно со песочните плажи.
5. Grenada
Со посетата Grenada ќе доживеете уникатна празнична традиција како Christmas masquerades на која присутните се облечени во различни костуми за изведба на шарени танци, заедно со многу улични забави.
6. Malta
Малта нуди прекрасен медитерански празничен дух со многу празничен декор, божиќни песни кои се пејат по улиците и бескрајни барокни цркви.Тие, исто така, нудат календар на настани, вклучувајќи ја и поворката на Марија и Јосеф. Хотелите, рестораните и баровите нудат забава за одмор, со широк спектар на работи што треба да ги видите и направите.