Riccardo Tisci во колекцијата BURBERRY за есен/зима 2019 година ги имплементираше неговите омилени животински мотиви, со горила која се појавува на маици, еднорози кои галопираат по свилени шалови, леопард крагни на палтата со отпечаток на далматинец … А исто така, ги украси и традиционалниот тренч мантил и костумите.
Новиот TB монограм кој дизајнерот го презентираше на модната публика претходно оваа година, се појавува како деликатна итерација на сатенските здолништа, свилени блузи и ешарпи.
Маестралната вештина на Riccardo Tisci се рефлектира во мешањето на материјалите и стиловите, како во оваа колекција твид и свила, уличната мода и софистицираната.
Плетивата се исто така одлични во оваа колекција, како и иновацијата која ни ја претстави дизајнерот – големата полнета и штепана шарена наметка со интересни бои и мотиви. Сигурни сме дека кога се работи за додатоците, оваа наметка може да биде одличен моден хит.