Започна сезоната на топла облека. И, се разбира, едно од оние модерни и топли парчиња кои ни се потребни во такви повеќеслојни комбинации во зимската гаредероба е шалот.
Не само што ќе нè загрее во студените зимски денови, туку огромниот шал не потсетува на удобно ќебе кое е одличен избор за експериментирање со различни видови на модни комбинации: можете да носите голем шал со кожна јакна, присцврстен на половината со ремен или префрлен преку рамото.
Можностите за комбинирање се неограничени. Оваа сезона, во мода се топли, меки и предимензионирани шалови. Можете да изберете во една боја или кариран, во зависност од комбинацијата на облеката, а ние ви предлагаме да го носите шалот со омилениот фустан, елек, фармерки и чизми над колена.