Рустикалната декорација во домот, никогаш не престана да биде модерна …
Ваков вид на декорација секогаш е во мода, внесува ултиматифен комфор во било кој простор и речиси во секоја варијанта е најпопуларната новогодишна идеја.
Досега, имавме можност да видиме бројни варијации на тема- новогодишна декорација во ретро стил, меѓутоа, никогаш не сме имале можност да ги разубавиме нашите елки со овој незаменлив дизајн.
Сега ќе ви претставиме некои од најдобрите идеи за убава рустикална декорација во нашите домови за новогодшишната елка, со природни текстури и луксузни детали.
Кога станува збор за украсите и декорацијата, можете да ги користите ткаенините, струготини, дрвени знаци, дрвени куќички или можеби вештачки птици, додека кој и да е од овие избори, автоматски ја правата вашата декорација рустикална.
Определете се за ленти од јута, украси создадени од овој материјал, волнени топчиња, дрвени занци со различни пораки и знаци, мали птици, рогови, шошарки од бор покриени со снег и позлатени, па дури и метална декорација. Поставете мали играчки, чорапи и ѕвончиња, за да завршите рустикалниот изглед со овие безвременски карактеристики.
Рустично и гламурозно или луксузно
За да ја направите вашата рустикална новогодишна елка гламурозна, едноставна идеја е да додадете блескави метални детали, сребро, бакар или златни орнаменти. Поставете позлатени шишарки или позлатени борови гранки и лакови, завршувајќи ја оваа идеја со блескави ѕвона на дрвото, создавајќи гламурозна завршница.