The Tulip е кула висока 305,3 метри со видиковец и ротирачка гондола, дизајнирана од компанијата Foster + Parthers, а нејзината изградба е планирана за Лондон …
Foster + Partners го поднесоа својот дизајн за кулата,(која, ако биде изградена, ќе биде највисоката структура во Лондон) на комисијата за градежни дозволи. Ако сè оди според планот, изградбата на кулата ќе започне во 2020 година, со датумот на отворање планиран за 2025 година. Посетителите на Tulip кулата ќе имаат можност да се качат на видиковецот која е дизајниран како цвет од лале на тенко стебленце.
Внатрешните стаклени тобогани и ротирачки капсули на гондолата се фиксирани на трите страни од фасадата, така што тие на поситителите им нудат сосема нов поглед кон градот. Небесниот мост ќе ги поврзе набљудувачките платформи, додека во рамките на кулата ќе има бар со преглед од 360 степени.
Овој дизајн нѐ потсетува на хибридните ротациони капсули на London Eye и панорамскиот ресторан кој некогаш беше на врвот на BT кулата.