Има вистината во тоа дека облекувањето на есен и во зима е покреативно.
Колку сте вешти во комбинирањето, мешање на различни материјали, текстури и дезени, се рефлектира токму во текот на зимскиот период.
Студените денови се пред нас, а тоа значи само едно – повеќеслојноста е на сцената.
Носењето на повеќеслојна облека во зима не е само здраво, туку е исто така модерно. Иако, може да биде ризично ако се плашите дека со додавање на дополнителен слој на облека ќе изгледате визуелно поголеми или пониски.
Оваа сезона е вистинско време да си поиграте со повеќеслојното облекување, бидејќи тоа претставува најдобрата мешавина на обични и гламурозни детали.
За да ги решите сите ваши дилеми во врска со повеќеслојното облекување, тука претставуваме неколку трикови кои ќе одговараат на вашата фигура и ќе направат да изгледате модерно.
За многумина, кога ќе се спомене повеќеслојно облекување, во главата имаат слика на предимензионирана и лежерна облека. Но, напротив, слоевитоста во облекувањето може да изгледа елегантна и ноншалантна. Не се откажувајте од носење на блејзер кога температирите се ниски и едноставно додадете го вашиот капут.