Популарната американска пејачка Гвен Стефани имаше настап во Дизниленд, а во тематски парк за забава таа пристигна во прекрасна кочија како принцеза.
Во кочијата со облик на топка, украсена со бели цветови, Стефани се возеше во магичен фустан во кој изгледаше совршено.
Креацијата е од познатиот либански дизајнер Реем Акра, омилен меѓу познатите личности. Фустанот е изработен во светло-розова боја со вез и зелена машња. Овој фустан чини 12.570 фунти.
Раскошниот фустан на пејачката беше комбиниран со розови чевли, блескав накит и брановидна коса.
Стефани изведе неколку Божиќни песни во Дизниленд, вклучувајќи ги и “Фелис Навидад” и “Нека снежи” кои ќе се емитуваат на 29 ноември на американската телевизија АБЦ и Дизни Канал.