Ако немате доволно простор за голема новогодишна елка, немате никаков проблем, бидејќи малото дрво не носи ништо помалку уживање и забава …
Ви нудиме неколку идеални идеи за украсување на новогодишната елка со цел да се избегне прекумерното “гушење” на просторот со тенденција да истиот биде со стил.
Без декорација / осветлување
Малите новогодишни елки се многу популарни без било каква декорација, а едноставно можете да ја поставите на убава основа или во плетена кошница, креирана главно од метална жица.
Неутрална декорација
Неутралната модерна декорација е многу популарна опција не само за мали, туку и за големи елки. Поставете бели украси за да создадете модерно или скандинавско чувство, измешајте бела, сива и бисерна нијанса.
Шарена декорација
Боите го креваат расположението и можат да се користат во различни светлосни нијанси за да се потенцира вашата елка. Црвената и белата, претставуваат совршена шема на бои за постигнување на скандинавски изглед, зелената, црвена и бела боја, како традиционални комбинации, додека розовата и портокаловата се доближуваат до забавните и гламурозните детали.