Копенхаген е главниот и најголем град на Данска. Се наоѓа на источниот брег на островот Зеланд и мал дел на островот Амагер. Тој е политички, стопански и културен центар на Данска. Копенхаген веќе со години е еден од градовите со најквалитетен живот. Истовремено, тоа е еден од најскапите градови на светот, кој исто така нуди незаборавно доживување за време на новогодишните празници.
Копенхаген е вистински Божиќен град, каде што е невозможно да не го поќувствувате духот на Божиќната сезона. Најдоброто место за апсорбирање на атмосферата е на еден од божиќните пазари во Копенхаген, во паркот Tivoli Gardens. За време на новогодишните празници се трансформира со половина милион светла и илјадници новогодишни елки и формира прекрасен централен дел за Вашето празнично уживање. Исто така, во овој период од годината можете да уживате во вкусните, традиционални дански деликатеси кои се служат во најголем број ресторани.
Доколку се одлучите Копенхаген да биде вашата дестинација оваа зима, ќе може да уживате и во разгледување на многубројните знаменитости на градот. Копенхаген има добро сочуван стар градски плоштад со препознатлив „скандинавски дух“ (едноставни фасади и живи бои, канали, готски цркви и сл.). Градот ја има и една од најголемите пешачки зони, која истовремено е настара на светот, па е гордост на градот.
Кружната кула во градот претставува една од главните туристички знаменитости на Копенхаген. Таа се наоѓа во самиот центар на градот. Заедно со нив е изградена и Црква Света Троица. Државното собрание било некогашен двор на данското кралство, а во денешно време е седиште на законодавството и министерството за надворешни работи. Моноументалната зграда на берзата се наоѓа на брегот на каналот Фредериксхолм. Се одликува од шилести врвови со спирален облик, кој го сочинуваат четири уплетени змаевски опашки.