Конечно пристигна зимската сезона. Капути, топли јакни и сите волнени додатоци ги дочекаа своите 5 минути, како и џемперите – можеби најосновниот дел од сезоната есен / зима.
Сега џемперите се повторно во тренд и можете да ги комбинирате со се. Модните комбинации со џемпер изгледаат одлично, особено ако зборуваме за преголеми (oversize) џемпери со ролка и оние со набрани ракави во впечатливи нијанси кои можеме да носиме со џинс, впечатливи чорапи и длабоки чизми.