Сликата “Портрет на уметникот( Базен со две фигури)” 1972 од британскиот сликар Дејвид Хокни (81), синојка аукцијската куќа “Кристи” во Њујорк ја продаде за 90,3 милиони долари. Со тоа, славниот сликар стана најскап жив уметник.
Сликата “Портрет на уметникот” досега е најскапо проценето дело на Хокни и тоа е рекордна сума за уметник кој сеуште е активен, објави аукциската куќа “Кристи”.
“Титулата” најскапиот жив уметник до сега, беше во рацете на Џеф Кунс, бидејќи неговата скулптура Балон куче „Balloon Dog (Orange)” во 2013 година се продаде за 58 милиони долари.
По американскиот Кунс, дело што достигна највисока цена на аукција е сликата на европскиот сликар – Герхард Рихтер. Имено, неговата слика “Abstraktes Bild” беше продадена пред три години во Лондон за 46 милиони долари.