Ниту една есенска и зимска сезона не може стилски да се замисли без капут.
Оваа сезона, два класика се тука и еден таканаречен “натрапник”, диктиран од најголемиот тренд на сезоната, “animal print”.
Но, да започнеме во ред:
Камел капут
Овој класик, во својата гардероба го имаат сите модни блогерки и во ова време од годината тие секогаш со задоволство му се враќаат. Капутот во боја на камила влакна е модерен класик кој никогаш не излегува од мода, па затоа е инвестиција која вреди да се плати бидејќи ќе го носите со години.
А да не зборуваме дека овој капут е оние парчиња кои оставаат скапоцен ефект.
Кариран капут
Омилен дезен секоја зима е тартан или каро.
Оваа сезона, познатиот дезен го носиме не само во класичната колор варијанта, која подразбира сиви и кафени нијанси во ткаењето, со црн дискретен конец, туку комбинација од живописни нијанси на огнено-црвена, тегет-сина и неонска зелена, која е посебно во тренд последниве месеци.
Анимал принт
И тука се појавија варијанти, имаме палто со зебраста текстура, со шара на апстрактен тигар (кој станува се повеќе популарен), животинскиот отпечаток на леопард и за малку посмели, тоа е дрската кожа на питон.
