Промената на времето во комбинација со напорниот работен распоред и стрес, може да го ослаби имунитетот, затоа ви предлагаме рецепт за пијалок кој ја спречува есенската вироза.
Овој пијалок се состои од ѓумбир, куркума, портокал и мед. Тој е богат со витамин Ц, антиоксиданти, ги уништува вирусите и дава енергија, а е одлична помош за болното грло. Ѓумбирот и куркумата се познати по своите антиинфламаторни својства. Друга состојка што го прави овој пијалок моќна е планинскиот мед кој има помоќен антибактериски ефект од другите видови на мед.
Состојки:
1/2 чаша сок од портокал
нарендано парче ѓумбир
2 лажици мед
лажичка куркума
Ставете ги сите состојки во блендер и пијте го овој пијалок два пати на ден.