Меките плетени фустани кои ја пратат линијата на телото, нагласувајќи ја женствената фигура, се многу удобни, практични и топли. Овој модел на фустан беше присутен во текот на деведесеттите, а сега е жежок есенски тренд. Најпосакуваните модели на плетени фустани оваа есен се миди, во пруги и силни бои.
Плетените фустани се многу разновидни. Можете да ги носите во комбинација со патики, чизми или кожни мокасини. За комплетен изглед, плетениот фустан може да се носи со капут, тексас со крзно или кожна јакна. Една мала торба или ранец. ќе биде доволен и совршен аксесоар.