Дизајнерот Alexander Wang и Аdidas Originals ја претставија својата четврта колекција како резултат на заедничка соработка.
Колекцијата Season 4 содржи есенски модели на јакни, тренерки, дуксери, маици како и најнови дизајни на патики. Кога боите се во прашање, во колекцијата Season 4 застапени се воглавно црната и белата со црвени акценти.
Фотографиите од кампањата покажуваат колку е лесно да се комбинира целиот асортиман. Кога станува збор за патики, постојат пет новосоздадени силуети.