Во која боја купувате облека, обувки и модни додатоци оваа сезона?
Модерни бои за есен/зима 2018 – темата е голема. Сепак, постојат нијанси кои вашиот стил ќе го направи современ. Оваа сезона има неколку такви бои.
Ги откриваме најмодерните бои со илустративни примери!
Жолта – како папгал
Традиционално, летна нијанса, но жолтата оваа сезона – не е само брилијантна, туку е нешто помеѓу жолта и златна. Ефектот е уште подобар ако парчињата се изработени од свила.
Крем нијанси
Комбинирајте беж и розова боја. Нијансите на беж со нежните тонови на пудра розовата боја се најубавите во пастелната палета на тонови. Нијанси на крем совршено се комбминираат со нијанса на сенф, што е уште еден хит на сезоната!
Ментол
Мешавина од “тифани сина” и ментол – оваа освежувачка нијанса постепено мигрирала од лето до есен. Покрај лесните фустани во оваа боја, можете да најдете џемпери, капути и јакни.
Смарагдно зелена
Сите нијанси на зелена се модерни во есенската сезона 2018, но длабоко заситената смарагд зелена, е една од најпопуларните во рејтингот на модерните бои на сезоната.
Маслинеста
Деликатна и женствена, маслинестата нијанса буквално се вклопува со сè. Дизајнерите со своите колекции повторно привлекоа внимание на оваа прекрасна класична нијанса.