Чешката убавицa и една од најпознатите жени во светот на модата, Ева Херцигова, е новото заштитно лице на брендот за долна облека Yamamay.
Yamamay за кампањата на линијата Basic го користи слоганот “Hey Girls” кој го осмисли Ева Херцигова. Како што вели моделката, тоа е повик до сите модерни, запослени и успешни жени да бидат свесни за своите тела и да ја ценат својата убавина како доблест, која треба да се чува и да се негува со посебна грижа.