Од средината на ноември до Божиќ, најубавите плоштади во Виена се претвораат во магични Божиќни пазари. Аромата на божиќните вкусни закуски и топлите напитоци создаваат една фантастична атмосфера пред празниците.
Еден од најпознатите Божиќни пазари е традиционалниот “Vienna Magic of Advent”, кој го претвора плоштадот во една сјајна земја од бајките.
Во овој период, божиќните подароци, украси од дрво, слатки и топли пијалаци чекаат на вас, како и рингишпилот и занаетчиската забава за деца кои се највозбудени. Дрвјата околу плоштадот се свечено украсени и зрачат во море од светла.
Уште една одлична локација во Виена за деновите пред Божиќ е културниот и божиќниот пазар пред палатата Schönbrunn. Тој нуди чиста романса пред царската позадина и се претвора во новогодишен пазар по Божиќ. Пазарот нуди традиционални ракотворби, рачно изработени божиќни декорации, божиќни концерти и богата детска програма, вклучувајќи божиќна работилница.
Доколку одлучите овогодинешните новогодишни и божиќни празници да ги поминете во Виена не пропуштајте да направите добра фотографија пред Upper Belvedere палатата, да ги посетите божиќните пазари, да се напиете weihnachtspunsch (познато како christmas punch), да уживате во добра музика, храна и поглед кој сигурно ќе го паметите за секогаш.