Сивата боја треба да има вечно место во нашиот есенски и зимски дел од гардеробата.
И додека трендовите ќе се менуваат од година во година, исто како и најпосакуваните кроеви, на најпопуларните текстури и бои им се враќаме секоја година уште со првите есенски денови.
Дизајнерите и брендовите во нивните есенски и зимски колекции секогаш се враќаат на постојаните неутрални тонови.
Со црно-белата како класика која никогаш не излегува од нашиот плакар кога станува збор за боите, така е и со сивата боја која совршено се комбинира со секоја есенска и зимска гардероба.