Денес, со почеток во 20 часот, во Македонска опера и балет ќе се одржи современиот балетски перформанс Метаморфоза – кореографија на Ивана Коцевска.
Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на
состојби и сензации, како збир на афекти. Делото се бави со соматското
истражување низ техниките и анти-техниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е
јукстапозиција на кохерентното, иако се бави со симетрија и асиметрија во
кореографијата, но и во изведбата.
Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет,
односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и
де-вертикализирано.
Билети онлајн на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ на следниот линк:
https://www.kupikartizase.com/
Концепт и кореографија: Ивана Коцевска
Музика: Филип Глас, Иван Пенов
Пијано : Дино Имери
Костимографија: Милена Атанасова
Фотографија/ постер : Сашо Алушевски
Танчери: Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев,Теодора Ставревска, Ивана Коцевска