Прекрасната актерка Шарлиз Терон се појавува во новата кампања за познатиот Dior парфем.
Француската куќа ја претставува кампањата за мирисот J’adore Absolu во која познатата јужноафриканска актерка позира облечена во златен светкав фустан, додека ужива во магијата на парната бања.
Парфемот кој првично беше креиран во 2007 година од Франсоа Демаши, е опишан како флорален нектар и повторно е оживен поради љубителките на неговите мирисни ноти.
Содржи ноти на магнолии, јасмин, туберозу и цветови на портокал.
Шарлиз е навистина олицетворение на Диор жената. Гламурозна, моќна, секси и јака.
Рекламната кампања ја следи и краткото видео во кое исто така се гледа Шарлиз како главна актерка.