Една од најголемите дилеми со кои се соочуваат архитектите е реновирањето на старите згради, поточно да се сочува нивниот оригинален карактер во било која мера
Секогаш кога е можно, објектите од големо историско значење мора да имаат своја историска белешка, која не треба да се одзема бидејќи автоматски го губат својот карактер. Истото е и со внатрешноста, а вистинскиот пример за тоа претставува овој стан во Киев, неодамна реновиран за млад професионалец, кој сакал да го потенцира неговиот идеален баланс помеѓу старото и новото.
Целта на 2Bgroup била употребата на оригиналниот материјал од зградата во која се наоѓа станот, за потребите на позадини кои го обликуваат и текстурно го акцентираат неговиот ентериер. Сочувани се оригинални ѕидарски работи скриени зад слоевите на гипсот на старите дрвени споеви на гредите на таваните и ниските ѕидови на поткровјето.
Минималистичката елеганција со елегантните нијанси и чисти линии се вклопува во комплексноста на архитектонските сегменти на проектот, како што се инсталирање на нови прозорци скриени во панелите од ѕидовите на потровјето , изградба на скалила и инсталација на звучна изолација во гостинското купатило, кое се наоѓа помеѓу дневната и трпезаријата.