Со своите чисти линии и еминентни вибрации, модерниот стил од средината на минатиот век повторно добива на популарност во текот на последнава деценија …
Удобниот и стилски дизајн може да биде вклопен на малку порелаксиран начин во денешеното живеење и во нашите отворени планови во просторот.
Модерениот стил од средината на 20 век има референци на развојните форми на дизајнот од крајот на Втората светска војна, кои се застапени во областа на архитектурата, мебелот, материјалите и технологиите, популарни по овој период.
Дизајнерите најмногу го прифаќаат периодот од 1945 до 1969 година, како главен за модерен стил од средината на минатиот век, за кој, исто така, се тврди дека има свои корени во германскиот Bauhaus. Благодарение на миграцијата од Европа по Втората светска војна, германските дизајнери го внесоа овој тип на ентериер во САД, каде што стана најпопуларен и остана до денес.