Norman Percevel Rockwell бил американски автор, сликар и илустратор. Неговите дела имаат широко популарна привлечност во САД како одраз на американската култура.
Rockwell е најпознат по насловните илустрации на секојдневниот живот што тој ги создавал за списанието Saturday Evening Post, за речиси пет децении.
“Не размислувајќи премногу во која насока, јас ја прикажував Америка што ја познавав и им го прикажав на другите тоа што можеби не го забележале”
-Norman Rockwell
Музејот на Norman Rockwell прикажува повеќе од 700-тини оригинални слики, цртежи и студии. Неговите дела биле изложени во музејот Guggenheim во 2001 година. Музејот е секојдневно посетен од огромен број на посетители.
Сликата на Rockwell – “Напуштање на домот” на аукцијата во Sotheby во 2006 година постигна цена од 15.4 милиони долари, додека во 2013 посигна рекорд од 46 милиони долари.