Чизмите се секоја зима со нас, а титулата за најсекси модел на оваа сезона им припадна на високите чизми.
Модните куќи и high street брендовите нудат елегантни, моќни и впечатливи модели со кои ќе ја трансформирате секоја комбинација од обична во посебна.
Високите чизми ја издолжуваат фигурата и воглаво им стојат на сите. Се носат со лежерно дневни комбинации, со плетени џемпери и oversized- големи капути, но исто така и со строга софистицирана облека, вечерни комбинации, како и романтични миди фустани и здолништа.