Цветните декорации се секогаш популарни кога се во прашање венчаниците, но оваа сезона, Zuhair Murad го одбра егзотичниот лотос, симбол на чисто срце и ум, наместо традиционалните цвеќиња, како што се рози, гардении и други.
Лале-фустани, шлепови и наметки доаѓаат со лотосов вез кој изгледа како да лебди по ткаенината, како да се движи низводно.
Цветот се појавува на венчалните фустани со долги ракави од тул и соодветен вел или на фустаните без рамења.
Колекцијата на свадбени фустани од Zuhair Murad за есен 2019 година, нуди креации за современи млади невести кои сакаат елегантен и традиционален изглед на свадбата.